Факторот на преносливост на вирусот се намалува, Владата бара кризната состојба да се продолжи до јуни

од Берта Китинска
214 прегледи

Факторот на преносливост на коронавирусот е намален, вели министерот за здрвство Венко Филипче, но бројот на заразени и починати и натаму е висок во земјава. Вчера беа регистрина 1069 нови случаи на ковид-19 , а поачинаа 29 лица.

– Ситуацијата на некој начин се смирува. Далеку е ова од ситуацијата кога можеме да кажеме дека дефинитивно можеме да здивнеме. Но се покажа дека вирусот е апсолутно непредвидлив. Немаме параметри со кои можеме да дадеме прогноза што ќе се случува понатаму“, рече Филипче.

Владата бара нови 6 месеци кризна состојба

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година.

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на земјата, наведува владината прес-служба.

Со оваа предлог-одлука му се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 30 јуни 2021 година.

Државата се уште не го активирала ковид центарот на приватните болници.

КОВИД центарот чека се уште и одобренија за работа, кои треба да ги издаде Министерството за транспорт и врски. Министерот Бочварски допрва треба да се сретне со тимот на здравствените власти, за да се координираат околу издавањето на одборение за работа.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментов нема потреба од капацитетот на приватните болници кои ќе се претворат во ковид – центри.

-Во моментов имаме помош да од Армијата,  започна и поддршката од воениот медицински центар и во однос на капацитетот на приватните болници тој во моментов се опремува со кислород. Во овој момент не е потребен, но треба да биде на стенд-бај. Приватните болници се во служба на државата, а ние пред да ги ствиме во употреба ќе треба да направиме распоред за нивна употреба, вели Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965.

 

Слични содржини