Фалон: Русија се меша во изборите во европските држави

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Русија се меша во предизборните процеси во западните држави и се обидува да го разедини НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон во интервју за „Скај њуз“.

– Има тврдења за руско мешање во цела цела серија избори: од Бугарија до САД. И ние не се сомневаме дека Русија користи многу средства со кои располага – информации, своите телевизиски мрежи, својата пропаганда. Нема сомнеж дека Русија агресивно се меша во другите демократии, посочи Фалон.

Тој додаде дека забележани се слични дејствија кај цела серија европски избори.

– Сега Русија се заканува со мешање во изборите во Германија, според тврдењата, се вмешала и во американските избори. Слично поведение е неприфатливо и треба да обрнеме внимание на таквите дејствија од Русија секој пат, истакна Фалон.

Според него, Москва се обидува да го дестабилизира Западот и да го раззедини НАТО и затоа земјите-членки на Алијансата треба да се спротистават на таквите обиди.

– Основни закани со кои се соочува НАТО се тероризмот, агресивното поведение на Русија и кибер заканите, потенцира Фалон.