Редовен читател до редакцијата на Локално.мк достави фотографии на фалс банкноти во вредност од 1000 денари врз кои има ударен печат со двоглав орел, кој особено не доминира на банкнотата но е отпечатен.

Нашата читателка ни кажа дека банкнотата всушност ја забележала службеничка во банка кога требало да изврши уплата на сметки и и ја вратила , не и ја примила. И кажала дека тоа е фалсификувана банкнота и дека не смее да ја прими и дека никаде не може да ја пријави.
Банкарската службеничка посочила да внимаваат граѓаните, да не примаат такви банкноти, бидејќи се третираат како фалсификат и нема како потоа да се откачат од нив, освен ако и тие самите не ги протнат некаде да платат .
Наашата читателка воопшто не забележала каде и ја исплатиле. фалсификуваната банкнота.