Фанови на Барса го навредувале Меси на аеродромот во Ливерпул

од Vlatko K
132 прегледи

Група на навивачи на Барселона влезе во вербална расправа со ѕвездата на тимот, Лионел Меси на
аеродромот во Ливерпул, откако Каталонците загубија 0-4 од „црвените“ во полуфиналето од Лигата
на шампионите.


Очекувањата беа Барса да постигне барем еден гол за да продолжат понатаму, а надежите на
навивачите беа Меси да го предводи тимот.

Аргентинецот беше задржан за допинг контрола по натпреварот и околу 01:00 часот по локално
време беше пресретнат од навивачи, од кои некои му упатиле свирежи и го навредувале.