Фановите: Аријана Гранде ги зголеми градите!

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Дали Аријана Гранде ги зголеми градите? Ова беше воочено од илјадници нејзини обожаватели откако таа вчера објави фотографија на која нејзината предница изгледа невообичаено.

На фотографијата, 25-годишната убавица се потпира на стар автомобил. Облечена е со розови панталони и краток топ во иста боја. Изгледа дека не носи градник, но некои нејзини следбеници сугерираат дека можеби има потпунки.

Во почетокот голем дел од фановите пишуваа колку добро изгледа Гранде, но подоцна започнаа дискусии во Facebook и форуми дека таа прибегнала кон услугите на пластичната хирургија и ги  зголемила градите.

“Има разлика, погледнете ги постарите нејзини слики”, “Таа е рамна, а сега предницата ѝ е wow”, “Доста глупости, ова се должи на прилично добро амортизирање”, “Луѓе во денешно време секоја рамна жена изгледа така, ако купи пуш ап градник! “, пишуваат нејзините обожаватели.

Изведувачката на “Thank U, Next” честопати споделува со обожавателите интересни детали за нејзиниот личен живот. Неодамна објави дека не ѝ требаат мажи и дека ѝ е некое време подобро сама. Во таа смисла, нејзините најверни следбеници веруваат дека би признала дали таа ги зголемила градите.

Прочитај повеќе: