Фановите ја разлутија Ријана

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Кога треба да роди една пејачка? Колку години таа да гради кариера и кога е време да се создаде семејство и да стане мајка? Овие и други прашања ѝ ги поставија на Ријана, кои ненамерно предизвикаа дискусија со неа и влегоа премногу во нејзиниот личен простор.

Пејачката ја сподели фотографијата од нејзиниот одмор на Малдивите. Таа позира во црвен фустан на лулашка во море. Ријана стои така што ветерот го разнесува фустанот на некои места. Ова ги натера многу луѓе да мислат дека таа е бремена и започнаа со коментарите дека е крајно време да создаде потомство.

“Јас не сум бремена, и никогаш не сум била, ниту пак тоа е дел од моите планови за сега! Доста со претпоставки “, одговорила лутата поп пејачка. Нејзиниот коментар, кој имаше за цел да стави крај на шпекулациите, предизвика уште повеќе коментари под нејзината објава.