Фановите на Звезда со поддршка за Михајловиќ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Синиша Михајловиќ има само две сезони како фудбалер на Црвена звезда, но и до денес продолжува да е обожуван од ултрасите на белградскиот гигант. 50-годишниот тренер беше дел од тимот на „звездашите“, кој го освои КЕШ и Интерконтиненталниот куп, а исто така има и две титули на Југославија.

Сега, кога се соочува со најголемата битка во својот живот, таа со леукемијата, Миха, како што е познат меѓу навивачите кај нашиот северен сосед, доби поддршка и од навивачите на српскиот гигант. Тоа се случи при домашниот меч на Звезда против Судува од квалификациите на Лигата на шампионите, кој заврши со победа за Србите со 2: 1.

„Се роди, знаејќи само за живот, живееше, знаејќи само за победи. Победи Синиша!“, гласеше транспарентот, издигнат на северната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград синоќа.