ФАО: Трошоците за увоз на храна би можеле да го соборат рекордот во 2023 година

од Vladimir Zorba
569 прегледи

Глобалните трошоци за увоз на храна би можеле да достигнат нов рекорд оваа година, иако би требало да се зголемат многу побавно отколку во 2022 година, бидејќи повисоките цени ја намалуваат побарувачката, особено во најранливите земји, процени агенцијата за храна и земјоделство на ОН, ФАО.

Трошоците за увоз на храна годинава би требало да достигнат 1,98 трилиони долари, што би било за 1,5 отсто повеќе отколку во 2022 година.

Минатата година пораснале за 11 отсто, а во 2021 година за 18 отсто, наведува ФАО во својот полугодишен извештај, пренесе Хина.

Увозот на храна во развиените економии повторно ќе се зголеми, додека во групата на најмалку развиени земји ќе се намали за 1,5 отсто, а во земјите во развој кои се нето-увозници на храна за 4,9 отсто, наведува ФАО.

„Намалувањето на обемот на увоз на храна во тие две групи е загрижувачко бидејќи доведува до констатација на намалена куповна моќ“, предупредува ФАО.

„Загриженоста е зголемена поради фактот што пониските цени на основните прехранбени производи на меѓународните пазари не, или барем не целосно, се преточени во пониски цени во домашната малопродажба, што сигнализира дека притисокот врз трошоците за живот може да се прошири до 2023 година. забележува ФАО.

Затоа се важни внимателно измерените интервенции на владите во борбата против инфлацијата, рече вишиот економист на ФАО, Ел Мамун Амрук.

Во исто време, агенцијата на ОН оценува дека годинава треба да се зголеми производството на повеќето прехранбени производи.

Исклучок е производството на пченица, кое би можело да се намали за три отсто во однос на рекордните 777 милиони тони во 2022 година.

Слични содржини