Фармер на крокодили во Камбоџа бил распарчен откако паднал во живеалиште за крокодили

од desk4
468 прегледи

Според полицијата, фармер на крокодили во Камбоџа бил распарчен од околу 40 влекачи откако паднал во нивното заградено место.

Луан Нам (72) се обидувал да извади едно од животните од кафез кога тоа го фатило неговиот стап со устата, и го повлекол внатре.

Останатите крокодили потоа се „нафрлија“ и го искинаа неговото тело – го оставија бетонскиот ограден простор на фармата во близина на градот Сием Рип облеан во крв.

Една од рацете на жртвата била изгризана и изедена од крокодилите, додека остатокот од неговото тело бил покриен со траги од каснување, според началникот на локалната полиција Меј Саври.

Слични содржини