143
МВР информира дека фатиле џепчија кој ограбил жена на територија на општина Центар.
На 12.04.2023 околу 15.00 часот на автобуска постојка на ул.„Димитрија Чуповски“, полициски службеници од одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар Бит Пазар го лишиле од слобода К.С.(52) од Скопје.
Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од чанта на С.К.(68) од Зелениково, скопско, одзел мобилен телефон. К.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.