Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со спроведувањето засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 361 возач.
Според полицијата, од нив 31 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 159 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 202 надвор од населено место.
Како што објави МВР, еден од санкционираните возачи бил фатен на радар со 202 километри на час.