Фатен разбојникот кој ограби обложувалници во Скопје

од Nikola Popovski
25 прегледи

Уапсен е разбојник кој ограбил обложувалници и мини-маркет во Скопје, соопштија од полицијата.

МВР информира дека на 17.09.2024 во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел.

При преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

Синоќа околу 21 часот беше ограбена спортска обложувалница во Скопје, во населбата Топанско Поле. Грабежот бил извршен со пиштол.

Инаку, завчера во слично време, беше ограбена обложувалница во скопската населба Влае. Ограбувачот под закана на оружје одзел одредена количина на пари.

Слични содржини