Фатен возачот кој усмрти дете и тешко ја повреди нејзината мајка во Велес

од Nikola Popovski
354 прегледи

Полицијата го фати 29-годишниот А.Н. кој пред две вечери на пешачки премин во Велес удри во мајката Е.И (43) и дете при што 11-годишното девојче загина, информираат од МВР за „Локално“.

-Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар.

Единаесетгодишното девојче починало на местото на несреќата, додека мајката се здобила со тешка телесна повреда.

Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

Осомничениот управувал со возило „мерцедес“ со велешки регистарски таблички.

Слични содржини