Полицијата фати двајца арамии на лице место додека се обиделе да украдат предмети од фабрика, стои во полицискиот билтен.
Денеска (26.11.2022) во 14.10 часот во круг на фабрика на ул.Владимир Полежановски во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се Е.А.(31) и С.А.(43), двајцата од Скопје.
Тие биле фатени на дело како во патничко моторно возило “поло” со гостиварски регистарски ознаки го товараат украденото.
По документирање на случајот МВР ќе поднесе соодветен поднесок.