Фатени двајца бегалци од затворот Идризово

од desk4
384 прегледи

Во Скопје, денеска, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба, ги лишиле од слобода двајца бегалци од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што тие издржувале затворски казни. Идентитетот на лицата е Б.О. (56) од Гостивар и Е.М. (29) од село Франгово во Струшко.

Бегалците успеале да избегаат од Затворот Идризово околу 14:30 часот, но полицискиот тим успеал да ги фати околу 15:45 часот на улица “Орце Николов” во Скопје. Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци затвор поради кривично дело според член 215 од Кривичниот законик, со дополнителни пет години казна коишто треба да ги издржи, додека Е.М. бил осуден на казна од девет години затвор за кривични дела според член 215 и член 396 од Кривичниот законик, со дополнителни четири години казна коишто треба да ја издржи.

Во нив било пронајдено и одземени 120.000 денари. Известувањето од Министерството за внатрешни работи не го објаснува начинот на фаќање ниту пак деталите околу бегството на двајцата осуденици.

 

Слични содржини