21
Двајца турски државјани вчера се уапсени на скопскиот аеродром. Според информациите од МВР, лицата користеле лажни пасоши.
„На 12.01.2025 година во 10.00 часот на граничниот премин Меѓународниот аеродром Скопје, на излез од државата, од страна на полициски службеници, приведени се И.К. (53) и С.К.(26), двајцата од Р.Турција, откако при пасошката проверка од оперативните доказни проверки било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи. Тие се предадени на полициски службеници од Секторот за прекуграничен криминал и миграција-Скопје за понатамошна постапка“, велат од МВР.