289
Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, во четврток повторно ќе има операција на коленото, поради што ќе ја заврши сезоната, но и ќе го пропушти претстојното Европско првенство.
Фати беше повреден минатата година, тој исто така имаше операција на коленото во ноември и паузата се очекуваше да трае четири месеци. Сепак, заздравувањето беше потешко отколку што се очекуваше во клубот, па играчот на Барселона во четврток ќе биде подложен на нова операција.
Информациите од Шпанија велат дека Фати ќе биде опериран од лекар на репрезентацијата на Португалија, и дека се очекува да се врати на терените следната сезона.
Пред повредата, Фати постигна шест гола во дресот на „блауграна“.