Фаучи најави укинување на сите рестрикции во САД, вклучително и маските

од Nikola Popovski

САД излегуваат од најтешката фаза на пандемијата на коронавирус, рече д-р Ентони Фаучи, главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден и најави дека САД наскоро ќе ги укинат сите антиепидемиски мерки, вклучително и носењето маски.

Д-р Ентони Фаучи е еден од најголемите поборници за „мерки“, бидејќи предвиде дека комбинацијата од вакцинација, лекување и претходна инфекција наскоро ќе придонесе за полесна контрола на вирусот во иднина, пишува Фајненшл Тајмс.

Фаучи истакнува дека сите ограничувања поврзани со пандемијата, вклучително и задолжителното носење маски, ќе бидат укинати во наредните месеци.

Во своите најоптимистички коментари за пандемијата од појавата на омикрон, Фаучи претстави сценарио во кое локалните јавни здравствени институти ќе донесуваат одлуки за вирусот, а не администрацијата на Бајден, чии „мерки“ се однесуваат на целата територија на САД.

„Како што излегуваме од најтешката фаза на пандемијата на коронавирус, од која дефинитивно излегуваме, овие одлуки сè повеќе ќе се носат на локално ниво, а не од федералните власти. Исто така, ќе има повеќе луѓе кои сами ќе донесат одлуки за тоа како сакаат да се справат со вирусот“, рече Фаучи.

Слични содржини