Фаучи предупредува: Работите ќе станат полоши за САД

од Nikola Popovski

Директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести и главниот медицински советник на Белата куќа, д-р Ентони Фаучи, изјави дека не очекува САД повторно да воведат локдаун и покрај зголемениот ризик од инфекција со Ковид-19 предизвикана од делта сојот, пренесува Танјуг.

„Мислам дека нема да доживееме блокади. Мислам дека имаме доволен процент на луѓе во земјата, не доволно за да ја смириме епидемијата, но верувам доволно за да не дозволиме да влеземе во ситуацијата во која бевме минатата зима. Но, работите ќе станат полоши “, предупредил Фаучи за ABC News.

Тој посочи дека просекот од седум дена е значително зголемен и дека факт е дека во САД има 100 милиони луѓе кои ги исполнуваат условите за вакцинација, а кои не се вакцинирани.

„Имаме жаришта меѓу невакцинираните“, додаде тој.

Од гледна точка на болеста, хоспитализација, страдање и смрт, невакцинираните се многу поранливи, бидејќи вакцинираните се претежно заштитени од тешки форми на болеста, рече Фаучи.

Фаучи повтори дека невакцинираните овозможуваат ширење на епидемијата.

Слични содржини