Водечкиот американски стручњак за заразни болести, д-р Ентони Фаучи изјави денеска дека враќањето на спортските натпреварувања во Соединетите држави оваа година е можно само без присуство на навивачи.
„Постои начин да се постигнете ова. Никој не смее да влезе на стадионите. Ставете ги спортистите во големи хотели, каде и да играте, држете ги под надзор … Нека се тестираат секоја недела и бидете внимателни да не се заразат едни со други или нивните семејства“, рече Фаучи, пренесоа американските медиуми.
Одговарајќи на прашањето за играње скратена бејзбол сезона и почетокот на натпреварувањето во американскиот фудбал (НФЛ), Фаучи рече дека смета оти ќе има доволно интерес од навивачите да гледаат натпревари, дури и ако не можат да присуствуваат.
Коментарот на Фаучи дојде една недела откако 72 проценти од Американците во истражувањето на еден универзитет рекоа дека нема да присуствуваат на спортски настани додека не се најде вакцина против коронавирус.
Само 13 проценти од анкетираните рекле дека се чувствуваат удобно да одат на натпревари како што беа во минатото.