Фазлиу од Алтернатива: Барањето за предвремени избори изгледа повеќе како борба за власт отколку како борба за ЕУ

од Берта Китинска

Во Северна Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), велат блиски извори до Демократската унија (ДУИ).Според информациите блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива се дел од причините кои би предизвикале нови парламентарни избори.

Од Алетрнатива се надеваат на позитивен исход во јуни, појаснувајќи дека не би сакале да помислат дека некој може да се радува на негативниот резултат од нивното очекување.

-Ние немаме такви информации и всушност не ја гледаме причината за прогласување на таквите избори. Ако ние сме убедени дека со ново владино мнозинство се добива датум за отворање на преговори со ЕУ, и ние со радост би прифатиле такво нешто. Ние уште се надеваме на позитивен исход на овој процес и не би сакале да помислиме дека некој се радува на негативниот резултат од нашето очекување, вели Фатон Фазлиу од Алтернатива во разговор за „Локално “.

На прашањето што доколу има вистина во наводите и за тоа што би и било целта на ДУИ со излегувањето на предвремените избори, Фазлиу смета дека оваа најава не треба да се сфати сериозно.

– Ако судиме според минатото, со „албанскиот премиер“ или пак со зелената агенда, не мислиме дека треба да се сфатат толку сериозно, подвлекува тој.

Фазлиу е на мислење дека причината не е ова влада и ова мнозинство што ЕУ не може да отвора преговори со Северна Македонија.

-Да претпоставиме за момент дека е така, иако поевроатлатнска влада од ова во РСМ немало, но кога знаеме дека клучот на овие преговори не е во Скопје, барањето за смена на власта изгледа повеќе како борба за власт отколку како борба за ЕУ, подвлекува тој.

За тоа дали може да се очекува политичка криза во следниве месеци, откако ВМРО-ДПМНЕ најави протести, Фазлиу појаснува дека има произведувачи на кризи, но на земјата според него потребна и е стабилност и развој.

-Кај нас сешто може да се очекува. Кризи и произведувачи на кризи сме имале и ќе имаме пак. Ние бараме стабилност, развој и европска перспектива, вели тој.

Според информациите на „КД политик“, на предвремените избори ДУИ нема да оди во предизборна коалиција со македонските партии – ниту со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ.

-Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори, вели изворот на „КД политик“.

Б.М.

Слични содржини