ФБИ доби пристап до телефонот на осомничениот за обидот за атентат врз Трамп

од Nikola Popovski
143 прегледи

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека добило пристап до телефонот на осомничениот за обидот за убиство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

ФБИ наведува дека продолжува анализата на електронските уреди на осомничениот Томас Метју Крукс, како и дека е завршен претресот на неговото живеалишта и возило.

Белата куќа соопшти дека се уште не е познат мотивот на напаѓачот кој се обидел да го убие Трамп, вклучително и неговите ставови, дали е член на група или дали имал помош во обидот за атентат.

Американската тајна служба беше под притисок на јавноста откако вооружен маж успеа да ги избегне нејзините агенти и да го застрела поранешниот претседател на политички митинг.

Републиканските лидери во Конгресот ветија брза истрага, а претседателот Џозеф Бајден повика на независна ревизија на активностите на Тајната служба.

Слични содржини