Американските специјални служби се обидела од рускиот бизнисмен Олег Дерипаска да направи свој шпиун и од него да добијат информации за наводното мешање на Русија во американските избори, но тие напори не вродиле со плод, пишува Њујорк тајмс.

Според податоците на извори од американскиот весник, ФБИ во 2014 и 2016 година се обидело да го натера Дерипаска да работи за нив како доушник во замена за ветување дека ќе ги решат неговите проблеми во сврска со добивање американска виза.
Меѓу посредниците биле сега веќе поранешниот американски службеник Брус Ор и поранешниот агент на разузнавачката служба Кристофер Стил, кои работеле заедно.
Послениот е автор на таканареченото досие за Доналд Трамп, кое содржи непроверени компромитирачки информации за американскиот лидер. Како што наведува Њујорк тајмс, САД на почетокот од Дерипаска сакале да добијат информации за наводната поврзаност на рускиот организиран криминал со руското раководство.
Според податоците на изворот на весникот, бизнисменот во текот на состанокот со претставниците на американските власти изјавил дека таквите тврдења се погрешни. Тој не изразил желба повторно да се сретне со нив.
Но, подоцна американската страна се заинтересирала за наводниот заговор на изборнипт штаб на Трамб и Русија. Во септември 2016 година соработници на ФБИ без најава се појавиле во куќата на Дерипаска во Њујорк и почнале да го испитуваат дали поранешниот раководител на штабот на Трамп, Пол Манафорт бил врска меѓу предизборната кампања нарепубликанците и Кремљ.
Според податоците на весникот, Дерипаска таквите теории ги оценил како апсурдни и рекол дека немало никаква недозволена комуникација меѓу помошникот на Трамп и Русија.
Како што пишува Њујорк тајмс, тогаш МИнистерството за правда и ФБИ сфатиле дека обидите да се врбува Русинот претрпеле неуспех. Според податоците на изворот на весникот, бизнисменот ги известил руските власти за состаноците со претставници на ФБИ. Во април 2018 година Америка воведе санкции за Дерипаска и низа компании кои се поврзани со него.