Трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг ќе го чини светот околу 850 милијарди долари, додека американската економија ќе изгуби околу 200 милијарди долари, проценија Федералните резерви на САД.
Економистите ја анализираа тековната состојба и заклучија дека неизвесноста во трговската политика се искачи на невидено ниво уште од седумдесетите години од минатиот век.
Во Федералните резерви проценуваат дека трговската војна ќе гo чини САД и светот скоро еден процент од нивниот БДП.
Марк Торнтон, експерт во Институтот Мизис, верува дека доколку сегашниот тренд продолжи и Доналд Трамп реши да ги заостри односите спрема Кина глобалниот БДП во 2019 година ќе изнесува само два проценти, наместо 2,6 проценти, пресмета Светската банка.
Администрацијата на Трамп продолжува да инсистира на тоа дека сите нејзини антикинески мерки се во корист на САД. Во Белата куќа се верува дека тарифите овозможуваат да се намали трговскиот дефицит помеѓу Америка и азискиот гигант.
Торнтон изјави дека по последните мерки Трамп се надеваше дека Пекинг ќе ги преземе трговските преференци и ќе ја консолидира националната економија, благодарение на враќањето на производството во САД.
Во пракса, антикинеските мерки само го забавуваат растот на националниот БДП.
Така композитниот водечки показател за САД се намали на 98,8 поени, што е неговиот историски минимум од 2010 година.