Федерер, Џејмс и Болт спијат по 12 часа на ден

од Vlatko K
144 прегледи

Неврологот Метју Вокер откри дека успешните спортисти спијат повеќе. Во едно интервју тој
зборува за важноста на спиењето во спортот, споменувајќи ги некои од најголемите спортисти на
нашето време.


„Спиењето е можеби најголемиот лек кој ја зголемува ефикасноста, што малку спортисти ја
користат доволно. Роџер Федерер тврди дека спие околу 12 часа, го прави тоа околу десет часа
ноќе и околу два часа во текот на денот. Познатиот спринтер Усаин Болт вели дека спие некаде
помеѓу девет и пол до десет часа наутро, како и малку во текот на денот“, рече неврологот.
Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс исто така спие по 12 часа на ден.

„Ние работиме со сите овие спортисти. Се разбира, не само спиењето ги подобрува перформансите
во текот на денот. Мислам дека повеќето од тимските спортови го игнорираат ова, иако се свесни
за добивките“, рече Волкер.

Федерер претходно откри дека има долг сон.
„Ако не спијам 11-12 часа на ден, знам дека тоа не е правилно. Ако немам доволно време за
спиење, може да се повредам“, изјави неодамна тој.