Третиот Грен слем во сезоната Вимблдон ќе биде значително поразличен од претходните години, што нема да им се допадне на многу љубители на тенисот.
Челниците на Вимблдон одлучија да не дозволат учество на руските и белоруските натпреварувачи оваа година, по што АТП одлучи да ги повлече бодовите.
Според досегашната одлука, по завршувањето на турнирот на тенисерите ќе им бидат одземени бодовите освоени минатата година, додека нови нема да има.
Тоа предизвика „бура“ во тенискиот свет, а одлуката беше потврдена откако беше исклучена листата на потенцијални учесници, на која нема Руси и Белоруси.
Она што покрај тоа привлече внимание е тоа што на листата го нема Роџер Федерер. Прославениот Швајцарец по 23 години ќе го пропушти Вимблдон, поради што ќе биде избришан од АТП листата, бидејќи минатата година го одигра последниот меч во Лондон.
Федерер потоа беше поразен од Хуберт Хуркач многу лесно со 3:0, по што следеа операции и маки со повреда. Се зборуваше и за неговото пензионирање, бидејќи наскоро ќе го прослави својот 41 роденден.
На Вимблдон првпат учествуваше во 1999 година, а неговиот агент Тони Годски истакна дека Швајцарецот би сакал уште еднаш да игра на еден од неговите омилени турнири.
Освен Швајцарецот, во неволја е и Серена Вилијамс, која исто така речиси една година не е на теренот. Американката има 23 грен слем титули, а по Вимблдон ќе биде избришана од ВТА листата.