Федерер посакува да се врати на терените

од Nikola Popovski
46 прегледи

Роџер Федерер, прославениот швајцарски тенисер, откри дека би сакал да се врати на терените и да одигра неколку егзибициски натпревари. По официјалното пензионирање на Лејвер купот во 2022 година, Федерер се фокусираше на голфот, но легендарниот Швајцарец сега сака да се врати на тениските терени.

„Искрено, би сакал повторно да играм тенис, да го оставам голфот настрана. Толку многу го играв… Сериозно, би сакал повторно да почнам да играм два, три пати неделно и се надевам дека ќе се вратам на егзибицискио терен и можеби ќе наполнам убави стадиони ширум светот“, рече Федерер во интервју за ТНТ Спорт.

Во моментов тоа се само желби на Роџер и тој се уште нема поконкретни планови.

„Немам никакви планови, но знам дека малку ми недостасува тој дел од тренинзите. Да бидам искрен, не сум играл многу откако се пензионирав, само затоа што мислам дека на моето тело му треба одмор, а можеби и на мојот ум“, изјави Федерер.

Откако се пензионираше, тој тренирал тенис само со деца, а сега сака да постигне доволна форма за егзибиција.

Федерер последниот меч го одигра минатата година во Шангај на егзибициски турнир, а кога станува збор за професионален меч, Роџер последен пат на теренот играше во 2021 година, кога во четвртфиналето на Вимблдон беше поразен од Хуберт Хуркач.

Тој се прости од тенисот една година подоцна на Лејвер купот, каде играше во двојки со Рафаел Надал.

Слични содржини