Пратеници и членови на “Њуз Медиа Асошиејшн” тврдат дека “Фејсбук” и “Гугл” намерно ставаат реклами до “лажни вести”, екстремистички видеа и порнографски материјали.
Според нив онлајн гигантите помагаат пропагандни сајтови, а во меѓувреме лишуваат легитимни новински организации од финансирање.
Од Здружението дури побарале да се спроведе истрага за начинот на кој технологијата на двете компании ги промовира “лажните вести” во интернет просторот.
Поранешниот министер за култура Џон Витингдејл го поддржа вчера мислењето дека двете компании се обидуваат да користат содржина која не јс платиле и дека намерно не вработува новинари.
Тврдењата се појавуваат само ден откако “Фејсбук” одби да ги симне дузина слики на деца од сексуален карактер од платформата.