Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација

од desk2
126 прегледи

Апликацијата „Месинџер“ за прв пат беше лансирана во 2011 година, а во 2014 Фејсбук ги тргна „чатовите“ од главната апликација. Половина деценија подоцна, компанијата се подготвува да ги интегрира сите постоечки услуги за разменување на пораки – Месинџер, Инстаграм и ВатсАп, така што сите функции ќе се најдат во рамките на главната апликација.

Истовремено, се предвидува дека Фејсбук истовремено ќе дозволи „Месинџер“ да постои и како посебна апликација, бидејќи дел од корисниците не не ја користат главната апликација на социјалната мрежа.