Но американската компанија не може да ги поврзе лажните профили со руската Агенција за интернет истражување, која се верува дека е главниот осомничен за интервенција на претседателските избори во 2016 година
Во оваа недела компанијата ги известила законодавци дека е фатена кампања на “Фејсбук” и “Инстаграм” за влијаење како дел од истрагата за изборна интервенција. Според двајта извора од “Фејсбук” истакнале пред Конгресот дека во оваа фаза не можат да воспостават дека профилите се поврзани со Русија, но постои веројатност дека Москва е вмешана.
” Сè уште сме во почетната фаза од нашата истрага и ги немаме сите факти, вклучувајќи го и кој може да застане зад тоа”, рече компанијата. ” Но ние го делиме она што го знаеме денес, со оглед на односот помеѓу овие лоши играчи и протестите кои се планирани во Вашингтон следната недела “, дополнуваат од гигантот.
Во пораката, исто така, се вели дека осум страници на Фејсбук беа пронајдени пред две недели , 17 мрежни профили и седум профили на Instr.
Компанијата работи со ФБИ.