Фејсбук реакции: „Кој ќе држи растојание кога сватовите ќе се поднапијат?“

од Берта Китинска

За организрање на свадби во услови на коронакриза во разговори со економските оператори ќе се утврдат критериуми за распоредот на масите и дистанцата што треба да се одржува. Ќе има генерален протокол кој би се модифицирал зависно од специфичноста на објектот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најви дека комисијата за заразни болести веќе подготвува пртоколи за одржување на курсеви и едукации во затворени простории, јавниот превоз, училиштата и градинките, рестораните и хотелите. Една од препораките е да има растојание меѓу масите .

Овие најави предизвикаа бура на социјалните мрежи, дел од граѓаните почнаа да се шегуваат на сметка на корона-свадбите,а  други пак негодуваат дека треба забраните пополека да се олабавуваат.

Ви пренесува дел од нив:

„Сите поканети на свадба треба да направат тест за корона, ако е негативен може да присуствуваат на свадбата, а за играњето секој ќе се движи на своите 2м“…„Пејачот задолжително да има маска на лицето“…А кој ќе внимава на сватовите кога ќе се поднапијат?“…„На оро со маски и ракавици“… „Се ни одземаа, какви се овие одлуки“….„На свадбите со по 300/400 гости каде ќе направат оддалеченост на 2 m!??Во Борис Трајковски или на Градски???“… „Ако се прај битолска свадба со регулиран распоред на маса и дистанца, 350тиот гостин Лерин на гиро ќе треба да го седнат“.. „Пијачката со дрон ќе се носи“…се дел од коментарите кои се појавија на социјалните мрежи.

Слични содржини