Фејсбук сè помалку ги интересира просечните тинејџери

од desk2
90 прегледи

Истражувањето на “Pew Research Center” покажало дека интересот на тинејџерите за Фејсбук опаѓа, односно дека интересот е значително помал во однос на 2015 година кога оваа организација спровела слично истражување.

Пред три години, Фејсбук бил користен од страна на 71 отсто од испитаните Американци помеѓу 13 и 17 години, а до денес тој процент е опаднат на 51 отсто.

Јутјуб користат 85 отсто, Инстаграм 72 отсто, а Снепчет 69 отсто. Интересно е тоа што во претходното
Водителката на истражувањето, Моника Андерсон, изјавила дека користењето на социјалните мрежи помеѓу тинејџерите драматично се променило во изминатите три години.

Исто така, истражувањето покажало дека 95 отсто од тинејџерите користат паметен телефон, додека во 2015 година користеле само 73 отсто.

Социјалните мрежи се добра работа за 31 отсто од тинејџерите, негативна за 24 отсто, додека околу 45 отсто немаат формирано мислење на таа тема. Тие кои ги сметаат за позитивни велат дека им помагаат да одржат контакт со пријателите и семејството, додека оние кои негативно ги перцепираат мрежите тврдат дека тие служат само за ширење на лаги и за насилно однесување.