
Во средината на декември претставниците на Фејсбук ќе одговорат на прашања од британската изборна комисија. Твитер објави дека ќе ги обезбеди бараните информации во следните неколку недели во врска со истрагата на руската интервенција во кампањата на Брегзит.
Според информациите на Би-Би-Си, Google исто така одговори на барање од комисијата.
Претходно шефот на комисијата за дигитални технологии , култура, медиуми и спорт на Долниот дом – Демијан Колинс, испрати до владејачките органи на социјалните мрежи писмо со барање да бидат обезбедени информации за руската интервенција во периодот пред референдумот за Брегзит.
Претставник на Фејсбук Симон Милнер, рече дека компанијата планира да ги поддржи истрагите од страна на САД и Велика Британија за лажните вести.
Еден од британските шефови на Twitter – Ник Пиклз, соопшти дека социјалната мрежа детектирале над 3,2 милиони сомнителни сметки неделно и околу 450 илјади сомнителни обиде за логирање на исти такви дневно.