Феноменот кон Реал: Земете го Нејмар, неверојатен e

од Vladimir Zorba

Бразилецот Роналдо, кој беше најголемата ѕвезда на фудбалот за своето време, го советува Реал Мадрид да го привлече неговиот сонародник Нејмар.

Последниот премина од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра во текот на летото на минатата година.

Сепак тој продолжува и до ден денешен да биде поврзуван со трансфер на „Бернабеу“.

“Нејмар е топ играч, можеби тој ќе биде најдобар во светот по неколку години, а Реал Мадрид дефинитивно има потреба од најдобрите играчи“, изјави тој пред „Марка“.

„Тие треба да размислат за тешкотиите кои ги доживуваат оваа година и да преземаат соодветни мерки“, рече уште Роналдо.

Дали од Реал ќе го послушаат, допрва треба да се види.

Слични содржини