Ферари го претставија својот Ф1 болид за 2020 година (фото/видео)

од Aleksandar Petrovski
281 прегледи

Тимот на Ферари во Формула 1 официјално го објави својот болид за претстојниот шампионат.

Оваа година Скудерија ќе учествува во трката број 1.000 во својата историја, и затоа новиот автомобил го носи името „SF1000“.

Италијанците станаа првиот тим во Формула 1 кој официјално го објавија својот нов автомобил, додека шампионите на Мерцедес ќе ги следат на почетокот од следната недела.

На сцената на шоуто се појавија и пилотите на тимот – четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел и Шарл Леклер.

Шемата на бои и спонзори останаа непроменети од минатата година. Промените во дизајнот се исто така минимални и се видливи со мали детали.

Слични содржини