Ферари мора да биде сигурен дека може да се справи со Леклер

од Vlatko K
274 прегледи

Ферари треба да се уверат дека можат да се справат со храбрата одлука да го ангажираат Шарл
Леклер за следната сезона во Формула 1, според главниот инженер на „Скудерија“, Џок Клир.
Леклер ќе стане вториот најмлад пилот во долгата историја на Ферари во Формула 1, кога ќе го
замени светскиот шампион од 2007 година, Кими Раиконен следната година. Пилотот на Заубер
направи Гран При деби едвај оваа година, но доброто претставување му помогна да добие брза
покана од „Скудерија“

„Еден од коментарите кои многу луѓе го направија, беше „дали тој е подготвен“. Па, ние исто така
треба да бидеме подготвени. Во Ферари треба да сме подготвени за да го направиме овој чекор.
Тоа беше храбар потег и сите ние се радуваме дека го направивме. Во исто време, сепак, мора да
бидеме подготвени да му дадеме можност и да го поддржуваме. да се надеваме дека ќе
постигнеме заедно големи нешта. Мислам дека неговата врска со Себастијан ќе биде важна. Треба
да се увериме дека сме позитивни и растеме како тим“, рече Клир.

Леклер заврши како „најдобар од останатите“ зад Мерцедес, Ред Бул и Ферари во Бразил, и тоа
беше петти пат во сезоната што го направи. Клиер, кој има искуство со многу светски шампиони, ќе
игра клучна улога во вклучувањето на Леклер во Ферари и може да стане тркачки инженер. Иако
Ферари е многу возбуден поради доаѓањето на Леклер и импресиониран од неговите напори оваа
година, според Клир, младиот пилот ќе се соочи со нов предизвик во челото.

„Ние го знаеме Леклер одамна. Имаме добри односи со него уште од деновите во академијата на
Ферари, па тој не е ново лице за нас. Сигурно во својата прва Ф1 сезона тој покажа голем
потенцијал и мислам дека секој е возбуден од тоа. Секој знае колку голем ќе биде притисокот, но
тоа е предизвик за нас“, рече Клир.

Слични содржини