Ферари оди на се или ништо: Луис Хамилтон има одврзани раце да ја нападне титулата

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Италијанските медиуми објавија информации за тоа како Ферари ќе ги распредели своите развојни ресурси помеѓу Формула 1 болидите од 2025 до 2026 година за време на претстојната кампања.

За тимовите од дното на табелата, оваа равенка е релативно едноставна. Вилијамс веќе најави дека многу рано ќе ги пренасочи сите свои напори кон проектот во 2026 година, кога ќе бидат воведени целосно нови технички правила во Формула 1. Во развојот многу ќе им помогне и Карлос Саинц Џуниор, кој пристигна од Ферари откако на негово место дојде седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

За тимовите со шампионски амбиции како Ферари, математиката е малку покомплицирана, бидејќи тие ќе мора да посветат малку повеќе внимание на своите болиди за сезоната 2025 година. Според информациите на порталот AutoRacer, Ферари ќе користи две третини од своето време во тунелот за ветер во првите четири месеци од сезоната за да работи на болидот од 2025 година. Тоа се сведува на 600 од вкупно 900 часа со кои располага Скудерија. Сепак, работите ќе се променат во втората половина од сезоната, кога најголем дел од фокусот на „црвените“ ќе биде ставен на болидот за сезоната 2026 година.

Слично размислуваат и другите тимови кои треба да се борат за титулата. Идејата на Ред Бул и Мекларен, па дури и Мерцедес, е силно да влезат во сезоната, која започнува на 16 март со Големата награда на Австралија. Во зависност од резултатите на почетокот, ќе зависи и тактиката за продолжението на 2025 година. Со Хамилтон и Шарл Леклер, Скудерија има одлична стартна позиција и неверојатна поддршка од навивачите, па дури и од медиумите. Меѓутоа, доколку болидот не биде конкурентен, што често му се случува на Ферари, фокусот ќе се префрли на 2026 година, во која поради новите правила може да очекуваме многу изненадувања, меѓу кои и некои нови тимови во борбата за титулата. На пример, Астон Мартин!

Слични содржини