Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, смета дека е време тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер да си замине од клупата на тимот од „Олд Трафорд“.
– Секоја недела го гледам нашиот тим и се прашувам што ќе прават тактички. Не гледам никаква филозофија или идентитет во играта на Јунајтед. Збунет сум – признава Фердинанд.
Англичанецот не крие дека имал големи очекувања по летниот преоден рок и дека бил разочаран од резултатите.
– По летниот преоден рок сите бевме возбудени. На почетокот на сезоната мислевме дека е тоа – изјави поранешниот стопер на „Гордиот Албион“.
Тој истакнува дека од самиот почеток бил скептичен кога е во прашање Солскјер.
– Дали може да не направи шампиони? Не бев сигурен, но се надевав дека е способен за тоа. Но, врз основа на она што го видов оваа сезона, со ваков тим, чувствувам дека е време да се предаде палката на некој кој може да го одведе тимот до врвот – заврши Фердинанд.