Ferrari се подготвува за класата на хиперавтомобили

од Vladimir Zorba

Ferrari објави во февруари 2021 година дека ќе се натпреварува во класата на хиперавтомобили во трката на издржливост „24 часа Ле Ман“, а сега имаме можност да ја видиме првата слика што го најавува тоа возило.

Прикажани се тенки светли елементи меѓу кои се препознава црвената боја, а околу нив се амблемите на италијанскиот бренд. Во долниот сегмент се гледа црн сплитер. Нема детални информации за автомобилот, освен дека силата на хибридниот погон ќе се пренесува на сите тркала.

Ferrari најави дека развојните тестови на идниот хиперавтомобил ќе започнат во наредните недели, а планот е тимот од Маранело да влезе во трката за издржливост на ФИА во оваа класа во 2023 година. Тоа ќе биде враќање на Ferrari на легендарната патека во класата на најсилни болиди по цели 50 години.

Интересно е што и Porsche се подготвува за 2023 година во класата на хиперавтомобили, а конкуренцијата ќе ја засили хипермоделот на Cadillac GTP и хибриден систем со V8 мотор.

Во оваа класа свои модели подготвуваат и Lamborghini, Acura и BMW.

Слични содржини