Фетаи и Тупанчевски во Палермо биле на сопствен трошок

од Берта Китинска

Откако министерот за правда, Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев беа забележани од камерите во ВИП ложата на стадионот во Палермо каде македонската фудбалска репрезентација ја совлада Италија, Антикорупциската комисија побара да одговорат на чиј трошок патувале.

„Секако дека на свој трошок бев во Италија“, изјави за „Фокус“ Тупанчевски, веднаш штом слета во Скопје.

Трошоците поврзани со следењето како на овој, така и на другите натпревари сама си ги покривам, изјави за ТВ 24 вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи.

Слични содржини