Фетаи покажа фотографии: Лицата кои го запалија македонското знаме се блиски соработници на Груби

од Nikola Popovski
295 прегледи

По откривањето на планот на ДУИ за враќање на Никола Груевски во Скопје кој е длабоко антидржавен и антиалбански чин, ДУИ ги користи младите како „топовско месо“ за да избега од правдата која секојдневно тропа на врата, изјави денеска еден од вицепремиерите во Владата и член на коалицијата, ВЛЕН, Арбен Фетаи на прес-конференција.

Според неговите зборови, јасно се виде дека 28 ноември, Денот на албанското знаме, ДУИ го искористи за поларизација и дестабилизација.

„Добивме фотографии кои докажуваат дека тие млади луѓе кои го запалија државното знаме се соработници на Артан Груби, казино магнатот. Оттука сакам јасно и гласно да кажам дека секој што учествувал во овие инциденти и се обидел да ја наруши забавата ќе биде казнет според законот, без разлика и на целосно неселективен начин. Ќе разоткриеме и други планови на стариот режим за дестабилизација на државата. Тоа што беше дестабилизиран таканаречениот „Европски фронт“ не значи дека треба да се дестабилизира и државата“, порача Фетаи.

Вели дека како коалициија ВЛЕН ќе продолжат да бидат гарантот на духот на добра волја, стабилност и развој на нашата држава.

„Секој Албанец има право да живее и слави без страв, со гордост и без да биде под влијание на политички манипулации кои ја загрозуваат безбедноста и хармонијата. Со ВЛЕН Албанците секој пат ќе слават“, изјави Фетаи.

Тој повика на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, бидејќи тоа се како што рече, пречки за мир и напредок.

Во меѓувреме, СДСМ бара лидерска средба за стабилност, додека премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина за такво нешто, но вели – ќе размислам. Партиите со осуда, но и со меѓусебни обвинувања за инцидентите во Скопје и палењето и сквернавењето на македонското знаме.

Слични содржини