Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ зборувајќи за можна смена на Катица Јанева кое го бара ВМРО-ДПМНЕ, рече дека смени прво треба да се направат во некои други институции, како на пример Врховниот суд.

Обвинителката за 1 ТВ откри кој бил можниот мотив на Врховниот суд да донесе начелно правно мислење според кое СЈО не смее да води истраги и предистраги по 30 јуни 2017 година.
Таа зборуваше и за можниот мотив на врховните судии.
-Истрагата за Империја зафаќа период од 15 години, кој опфаќа и обвинителско-судски круг. Односно непостапување на обвинителството и тогашниот врв на судот. Затоа тука можат да се насетат дел од мотивите, дека СЈО не смее да гони по 30 јуни 2017 година, и тоа веќе во момент кога осомничените беа во притвор.
Специјалната јавна обвинетелка Фатиме Фетаи рече дека има многу снимки и пораки за случајот „Монструм“ и иако според неа голем дел од нив не се суштински, таа сите ќе ги приложи како докази.

-Има илјадници снимки, пораки, траскрипти кои секако ќе бидат предложени како докази. Сметам дека голем дел од тие снимки и пораки нема сусштински да влијаат, сепак дури и она што јас лично сметам дека не е премногу битно, ќе го предложам како доказ за да нема сомнежи дека нешто криеме. Можам деа гарантирам дека ќе има соодветна правна квалификација за секое лице кое е инволирано во тој настан. Сепак не се работи за едноставен предмет, апелирам до сите кои сакаат со јавноста да споделат информации и да добијат публицитет, да не си играат со чуствата на семејствата на жртвите, туку нека дојдат во обвинителството или во Суд. А, собирање лајкови на оваа тема е нечовечно, вели Фетаи.