Фетел казнет со 25 илјади евра

од Vlatko K
145 прегледи

Себастијан Фетел помина со предупредување и парична казна од 25.000 евра, но ќе ја задржи
втората стартна позиција за денешното Гран При на Бразил во Формула 1.

Пилотот на Ферари беше подистрага за неговото однесување, кога бил повикан од страна на
стјуардите за Во исто време стјуардите не ја истражуваа ситуацијата, при која Луис Хамилтон едвај не предизвика
катастрофа со Сергеј Сироткин, па светскиот шампион останува на пол-позицијата.проверка за време на квалификациите

Тие открија дека Германецот не ја почитувал постапката во овие случаи и дури ја скршил вагата, но
сепак го угаснал моторот и тоа овозможило да се земат точни мерки, па му наложија официјално
предупредување и финансиска санкција.

„Не треба да бидеме повикувани во време кога условите се менуваат толку брзо. Ова не е фер.
Само сакав од нив да побрзаат“, изјави Фетел по квалификациите.

Во исто време стјуардите не ја истражуваа ситуацијата, при која Луис Хамилтон едвај не предизвика
катастрофа со Сергеј Сироткин, па светскиот шампион останува на пол-позицијата.

Англичанецот го обвини својот противник за недостиг на почит, бидејќи рускиот пилот не беше во
брз круг и не мораше да развие таква брзина. Хамилтон се обиде да се оддалечи од совршената
линија, но Сироткин го направи истото, и тие речиси се удрија.

Не знам што мислеше, со оглед на тоа што тој не беше во брз круг. Ние знаеме дека треба да си
оставиме место, па за мене тоа беше непотребно“, изјави Луис.

 

Слични содржини