Возачот на Астон Мартин, Германецот Себастијан Фетел, е казнет со десет позиции поради промена на моторот на болидот во однос на резултатот во квалификациите за Гран При на САД, објави Формула 1.
Фетел, кој триумфираше на Големата награда на Америка во 2013 година, верува дека го очекува тежок тркачки викенд, но тој е оптимист.
„Мислам дека треба да бидеме агресивни од самиот почеток и само така можеме да се надеваме на добар резултат. Патеката во Остин е една од моите омилени, со многу места за претекнување и се надевам на добар резултат“, рече тој.
Фетел е четирикратен светски шампион, но оваа сезона не блеска и моментално е 12-ти во генералниот пласман.
Германецот до бодовите на последните девет трки стигна едвај во Белгија, кога беше петти.
Трката за Големата награда на САД се вози во недела во 14 часот.