Фетел ќе се стреми да ги освои преостанатите 6 трки

од Vlatko K
106 прегледи

По победата во Сингапур, Луис Хамилтон се оддели уште повеќе од Себастијан Фетел, па германскиот пилот е со јасна свест дека ако сака да се бори за титулата во 2018, ќе мора да победи на преостанатите шест стартот.

Фетел заврши трет на патеката „Марина Беј“ и на тој начин разликата со лидерот порасна на 40 поени.

„Очигледно не е пријатно кога кон крајот на шампионатот губиш поени, наместо да собираш, но сепак има уште неколку трки“, призна Себастијан.

„Сосема јасно е дека ако победиме во сите шест старта до финишот, ќе сме ОК. Па тоа е нашата цел“.

Фетел го претекна Макс Верстапен за второ место уште во стартната обиколка во Сингапур, но малку подоцна ја изгуби позицијата, бидејќи Ферари дозволија стратешка грешка. Тие го прибраа Себ премногу рано и после боксот тој се најде зад Серхио Перез. Пилотот на Скудерија не успеа да го претекне доволно брзо предвид особеностите на трасата, и тоа даде време на Верстапен да израмни и да излезе токму пред Фетел.

„Кога анализирам сега, очигледно сме згрешиле. Но на моментот изгледаше како да е точен потег. Се обидовме, бевме агресивни, но не излезе според плановите. Ако излезеше, ќе беше одлично, но за жал не беше така. Тоа е сосема едноставно кажано“.

Слични содржини