Себастијан Фетел упати многу емоционални зборови кон својот „херој“ Михаел Шумахер, кој веќе
скоро 5 години се опоравува по паѓање за време на скијање што го промени неговиот живот во
декември 2013.
Фетел беше втор најуспешен Германец во историјата на Формула 1 по Шуми и го сподели она што го
има големиот Шумахер за него.
„Тој беше мојот херој. Имав негови постери на ѕидот. Го запознав Михаел за прв пат кога имав 7.
Потоа го запознав како човек и тој секогаш бил до мене, со совети и помош“, изјави Фетел пред
списанието „F1 Racing “.
“За мене, тој е најдобриот возач што некогаш го имавме во однос на талентот, способностите,
страста и волјата.
Тој ќе биде запаметен како најдобар пилот во историјата. Мислам дека тој беше неспоредлив во однос на талент и однос кон спортот, посветеноста, работата, желбата секогаш да дава пет пати повеќе од другите. Се разбира дека му посакувам најдобро и се надевам дека ќе ја продолжи битката и некој ден ќе се врати. Ми недостига неговото мислење, неговиот совет,
стручноста“,изјави Фетел