Фетел: Требаше да сме многу побрзи, се надевам дека ќе се повтори 2017-та

од Vlatko K

Себастијан Фетел изрази надеж неделната трка во Сочи да се развие по сценариото од тоа пред една година. Тогаш Германецот освои пол-позиција, но на крајот трката беше освоена од Валтери Ботас, кој стартуваше трети.

Епа сега Ботас започнува од првата позиција, а Фетел е трет.

„Штотуку разговарав со Валтери и го потсетив што се случи минатата година, па можеби можеме да ги свртиме работите овој пат. Беше важно да бидеме што е можно поблиску до нив, но точно е дека беа многу брзи. Натпреварувањето е долго и гумите ќе бидат важни. Требаше да сме многу поблиску. Релативно задоволен сум, болидот беше добат што ме прави среќен Ако има простор, ќе го искористиме“, додаде Фетел.

Слични содржини