Фетишот на стапала е еден од најчестите меѓу мажите

од desk2
171 прегледи

Иако фетишите се многу присутни во општеството, како и за многу други теми поврзани со сексот, за нив малку се зборува.

Кога станува збор за фетишите, уште помалку се прават истражувања за нив. Токму поради тоа, доктор Џастин Лемилер спроведе истражување меѓу 4.000 мажи со фокус на фетишот на стапала.

Фетишот на стапала е еден од најчестите меѓу мажите, но истражувањето на Лемилер покажа дека има неколку разлики, односно подгрупи меѓу луѓето со овој фетиш.

Едни визуелно ги возбудува да гледаат стапала, други ги возбудува мирисот на стапала и помислата да ги допираат или лижат стапалата, додека трети рекле дека сексуално ги возбудува кога некој гази по нив со голи стапала.

Според статистичките податоци, 5% од хетеросексуалните жени имаат некаков вид на фетиш на стапала, 18% од хетеросексуалните мажи имаат некаков вид на фетиш на стапала, додека кај лезбијките и бисексуалките тој процент изнесува 11, а кај хомосексуалците и бисексуалците е 21.

Иако фетишите уште се табу тема во општеството, доктор Лемилер вели дека во никој случај не треба да се сметаат за болест.

Она што е најважно е да ги реализирате вашите сексуални фантазии поврзани со фетишите по отворен разговор и согласност на сексуалните партнери.

Слични содржини