„ФФМ нема обврска да се прилагоди според Преспанскиот договор“

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше денеска на барањето на Грција да се прилагодат дресовите со кои ќе настапи македонскиот фудбалски национален тим на престојното ЕП 2020.

Грците вчера реагираат на амблемот на дресовите во кое стои ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија), а ја нема додавката Северна.

Османи вели дека ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.

„ФФМ е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение кое не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор“, изјави Османи.

Слични содржини