ФИА го истражува системот за гориво на Ферари

од Aleksandar Petrovski

Контроверзиите околу моторот на Ферари не се смируваат, откако од ФИА зеле за анализа дел од системот за гориво СФ90, како и еден на клиентски тим на „скудерија“.

Сомневања околу тоа дали тимот ги крши правилата започнаа после летната пауза кога црвениот тим запиша серија на пол-позиции. Во тоа време, ривалите од Италијанците пишале на ФИА барајќи разјаснување во однос на правилата за моторите.

ФИА објавува техничка директива за ова прашање, подвлекувајќи го член 5.10.5, во која се вели: „кој било уред, систем или постапка што или има за цел да го зголеми протокот на горивото или да складира и рециклира гориво, по точката на мерење, е забранет“. Само една недела подоцна, излезе втората одредба со која се потврдува дека запалива мешавина во системот за ладење на моторот не може да се користи за согорување.

Оттогаш, Ферари не успеаја да ја запишат пол-позиција, а прашањата продолжуваат да висат во воздух. Според германскиот новинар Тоби Грунер, ФИА запленила предмети од системот за гориво на Ферари, од нивниот клиент, како и од друг тим по трката во Бразил. Тие темелно ќе бидат испитани во лабораториите на ФИА.

Слични содржини